Освен за Неимар, мундијалската авантура во Бразил заврши и за репрезентативецот на Аргентина, Анхел ди Мариа.
Фудбалерот на Реал (М) заработи потешка повреда за време на четвртфиналниот дуел против селекцијата на Белгија и мораше да биде заменет во 33 минута од помладиот играч за врска Ензо Перез.
Аргентот на аргентинскиот интернационалец, Еугенио Лопез потврди дека разговарал со неговиот клиент кој му соопштил дека станува збор за сериона повреда, за кинење на мускулно влакно во десниот бутен мускул и дека нема да биде во состојба да и помогне на неговата репрезентација во полуфиналниот дуел против селекцијата на Холандија.