Аргентинка сними удар од гром крај нејзиниот син (ВИДЕО и ФОТО)

Жена во Аргентина сними удар на гром во чадорот на тинејџер кој играл во дворот од домот во текот на бура во која се регистрриани две жртви и бројни штети, а видеото мајката го постави на YouTube.

Како што изјавила за порталот Infobae мајката на 12-годишното момче, Каролина Котур, за време на грмотевиците таа се обидувала да ја смири својата ќерка, којашто се плашела од молњите. За тоа време домашната помошничка ѝ кажала на Каролина дека нејзиниот син игра на дождот.

Таа почнала да го снима синот кој со чадор стоел под одводот од покривот. Ненадејно, во непосредна близина на момченцето удрил гром, по што жената во паника го фрлила телефонот. На новинарите им објаснила дека момчето не настрадало. „Фала му на Бога, ништо ме му се случи“, рекла г-ѓа Котур.

Областа акаде што се случил овој настан, Сан Педро дел Парана, во саботата по локално време била зафатена од  големо невреме, во областа на градот Посада каде што според локалните медиуми имало „жестоко електрични празнење“, при што се регистрирани две жртви и повеќе оштетувања од ударите на молњите.

Во невремето во близна на нивниот дом од гром биле усмртени двајца браќа на 43 и 41-годишна возраст. Оштетени биле и многу електрични столбови. На другиот брег од реката парана, пак, од електрични празнења во атмосферата биле усмртени животни и било прекинато снабдувањето со електрична енергија.

https://www.youtube.com/watch?v=4VQsZytpPlA