Аргентинската морнарица извести за експлозија во областа на исчезнување на подморницата

© REUTERS / Magali Cervantes

Аргентиснките власти поседуваат инфорамции за една експлозија, којашто може да биде поврзана со ислезнувањето на аргентинската подморница „Сан Хуан“, изјави во петокот портпаролот на воената морнариа, Енрике Балби.

„Беше добиена информација дека се случила аномална, осамена, куса, моќна појава од ненукеларен карактер, која наликувала на експлозија“, изјави портпаролот на аргентинсата воена морнарица Енрике Балби на прес-конференција.

Со подморницата „Сан Хуан“ на аргентинската воена морнарица контактите беа загубени на 15-ти ноември на патот од најужниот град на светот Ушуаја до пристаништето Мар дел Плата. Во подморницата имало 44 лица, а резервите на кислород на ваквиот тип пловила се до една седмица, којашто истече во средата.

Претходно беше објавено дема во текот на последното јавување на екипажот кога се лоцирала подморницата, биле пријавени одредени проблеми.

Исчезната подморница, по којашто трагаат десетици бродови и авиони од Аргентина, САД, Велика Британија, Чиле и Бразил, е изградена во Германија за потребите на аргентинските поморски сили во чиј состав е вклучена во 1985 година. Таа е долга 66 метри, и достигнува брзина до 25 јазли.