Аријана Гранде се сврши вторпат

Популарната пејачка Аријана Гранде (27 ) се сврши. Аријана Гранде и Далтон Гомез се во врска од јануари годинава и заедно го поминаа карантинскиот период. Нејзиниот избраник е агент за луксузни недвижности.

Пејачката се огласи на Инстаграм во неделата за да го покаже својот нов дијамантски прстен на прстот.

Покрај неколку фотогрфии од нив заедно, и нејзината рака на која блеска прстенот, Аријана едноставно напиша: „Засекогаш и уште подолго!“

По нејзината објава, 27-годишната пејачка доби честитки од стотици фанови, а нејзиниот менаџер Скутер Браун ѝ напиша коментар на идната невеста: „Честитки за овие две неверојатни души. Ари, ве сакаме и не можевме да бидеме посреќни за вас. Далтон, ти си среќен човек.“

Извор ја потврди веста за магазинот „Пипл“: „Тие се пресреќни и многу возбудени. Ова е најубавото време за нив, и нивните родители се воодушевени“.