Американската поп пејачка Аријана Гранде ги изненадила во петокот своите обожаватели кои се повредени во смртоносниот бомбашки напад на нејзиниот концерт во Манчестер минатата седмица, посетувајќи ги во болниците.
Семејствата на повредените објавија на социјалните мрежи фотографии на поп ѕвездата, која ќе одржи хуманитарен концерт во истиот град во недела, со десетици пациенти и медицински сестри во Кралската детска болница во Манчестер.
„Тоа ни значи повеќе од сите прекрасни нешта кои луѓето ги направија оваа седмица“, напиша Питер Ман, чијашто ќерка Џејден е повредена во нападот.
„Кога ќерката ќе ве праша по втората операција дали Аријана е во ред … Многу сум среќен што дојде што можам да пукнам! Никогаш не сум ја видел Џејден толку среќна! Дури и самиот заплакав“, напиша Ман.
Гранде, исто така, објави фотографија на повреден млад обожавател на Instagram.