![2018-03-05T104100Z_864342217_RC1CD3B53B40_RTRMADP_3_ITALY-ELECTION-SALVINI](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/2018-03-05T104100Z_864342217_RC1CD3B53B40_RTRMADP_3_ITALY-ELECTION-SALVINI.jpg?resize=696%2C412&ssl=1)
Резултатите од изборите во Баварија значи дека „стариот систем“ во Европа е на заминување, изјави италијанскиот десничарски популистички министер за внатрешни работи, Матео Салвини.
„Во Баварија победија промените, а ЕУ загуби“, рече тој во неделата вечерта Салвини, кој исто така е вице-премиер на италијанската влада и лидер на десничарската „Лига“.
Ова е историски пораз на демохристијаните и социјалистите, а пријателите од AФД прв пат влегуваат во регионалниот парламент, рече Салвини
Првите резултати покажуваат дека конзервативната Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) загубија на баварските регионални избори, а крајно десната Алтернатива за Германија (АФД) освоија околу 10 отсто од гласовите, во својот прв обид да влезат во парламентот во Минхен.
Arrivederci (збогум) Меркел, Шулц и Јункер, им порача Салвини на канцеларката Ангела Меркел, поранешен претседател на Европскиот парламент и поранешен лидер на СПД, Мартин Шулц и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.