Јавноста денеска го дозна изгледот на новите униформи кои достоинство и со гордост треба да ги носат припадниците на Армијата на Република Македонија.
Новите униформи се наменети за подофицерите и офицерите во редовите на АРМ. Новото руво на македонските воени лица се состои од сакоа и панталони, а за жените и задолништа, во темно сина боја, вратоврска во истата боја и кошула во светло сина боја. Униформите ќе се изработени од висококвалитетно платно, кое го користи германската војска.
Употребата на новите униформи треба да почне за една година. Додека облеката ќе биде целосно производена во земјава, за шапките кои се поспецифични за изработка најверојатно ќе биде побарана услуга од странска фирма. На овие униформи има летна и зимска верзија, за мажи и жени.