Со свечена церемонија Армијата на Република Македонија ќе ја одбележи 22 годишнината од своето постоење.
Централната свеченост по повод 18 Август ќе се одржи денеска попладне во Центарот за обука на вода во Охрид.
На свеченоста најавено е присуство на претседателот и врховен командант Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, министри, пратеници, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции во Република Македонија, претставници на дипломатскиот кор и воените аташеа акредитирани во земјата.
Со пригоден говор на присутните ќе им се обратат претседателот Иванов и министерот за одбрана Јолевски.