Армани: Суштината на елеганцијата не е да ве забележат, туку да ве запомнат

Суштината на елеганцијата не е да ве забележат, туку да ве запомнат. Џорџо Армани засекогаш ја промени облеката. Само генијалците успеваат во тоа во модната индустрија.

Армани е еден од најмоќните, светски познати дизајнери. Тој го креираше стилот што се носи денес, а не сме ниту свесни дека таа мода некогаш била мошне поинаква. Тој докажа дека луксузното не мора секогаш да биде неудобно и тесно. Нивниот синоним е синоним за деловен шик и за префинета елеганција.

Суштината на елеганцијата не е да ве забележат, туку да ве запомнат, вели тој.

Тој стана популарен за време на неговата работа во Холивуд. Модниот свет почна да говори за него по филмот „Американски жиголо“ од 1980-тата година, каде Ричард Гир носеше креации на Армани. Сите мажи во светот наеднаш посакаа да изгледаат исто како овој актер. Почнаа да носат палта, пантолони, кошули и кравати со потписот на Армани.