Ерменскиот парламент го избра во петокот 64-годишниот Армен Варданович Саркисјан за нов претседател на земјата, должност којашто сега претежно станува церемонијална додека власта се префрла на премиерот и парламентот.
Саркисјан, поранешен премиер и поранешен амбасадор во Велика Британија, избран е на седумгодишен мандат. Девеесет пратеници гласале за него, десет биле против а еден возржан.
На должноста Саркисјан ќе го наследи Серж Сарксјан, за кој опозицијата смета дека сега би можел да стане премиер. Опозицијата го обвинува вториот дека планира да ја преземе премиерската функција за да продолжи да владее, но тој негира дека има такви намери.
Ерменија, којашто се наоѓа во областа на јужен Кавказ со околу три милиона жители, како и во некои други поранешни советски републики и држави во источна Европа, опозицијата поддржувана од Западот тврди дека се оддалечува од директната демократија.
Заминувајќи од должноста Сарксјан, кој стана претседател во 2008 година, го новминираше поранешниот премиер Сарисјан како свој наследник во јануари.
Во согласност со одредбите од уставот во 2015 година на референдумот со кој се укинати непосредните претседателски избори, парламент може да го избере шефот на државата со двотретинско мнозинство. Должноста на претседателот според овие одредби главно ќе биде церемонијална, а власта ја преземаат премиерот и парламентот.