Еден од ретките храбри интелектуалци Албанци, Арменд Нухиу, кој подеднакво ги критикува сите македонски процеси и политичари без разлика на националноста на актерите, со порака до власта.
Нухиу зборува за состојбата во Охрид каде што СДСМ не ги спроведува законите за да не ги наруши односите со ДУИ чиј советник отворено спроведува беззаконие.
„Нефи Усеини, советник на ДУИ, завчера отвори пицерија дивоградба во центарот на Охрид. УНЕСКО во февруари ќе го изземе Охрид од неговата листа.
И, никому ништо.
На Матка луѓе на ДУИ држат диви платформи, никому ништо.
Да ти се плукнам у државата каде коалициски интереси се над законите”, пишува Нухиу кој беше критичен и за време за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на Груевски и на актуелната власт.
Најголем дел од албанските интелектуалци во Македонија, особено ако не се поврзани со друга политичка партија, избегнуваат да ја критикуваат ДУИ на Али Ахмети.