Арнаудов: Мицкоски и пратениците покажаа како се бранат идентитетските прашања, наспроти политичките отпадоци во власта кои што само ѝ наштетуваат на Македонија

„Од кујната на власта произлегуваат само лаги и никогаш нема да престанат. Тие така функционираат. Народот веќе ги препозна, се што досега кажаа излажаа. Затоа сега започнува будење на македонскиот народ“, истакна Ламбе Арнаудов во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Арнаудов додаде дека многу скоро од власта ќе си ги спакуваат куферите и ќе си заминат.

„Јас сакам да изразам една огромна благодарност и почит кон пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за нивното крајно искрено однесување, почитување и издржливост и покрај тоа што беа соочени со невидени притисоци и закани. Пратениците докажаа дека се украс на ВМРО-ДПМНЕ, дека се скапоцен бисер на македонскиот народ, опстанаа на да ги соочуваат идентитетските прашања и да не дозволат да бидат потценети или предадени. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се полни со родољубие, со патриотизам и направија нешто што македонскиот народ од нив очекуваше“, заклучи Арнаудов.

Тој посочи дека изразува огромна благодарност и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што цврсто се спротивстави на оваа ненародна власт која што по секоја цена сака да го загрози идентитетот на Македонија, македонскиот јазик и култура.

„Мицкоски направи совршена интеграција на старото ВМРО историско го спои заедно со ова ново ВМРО-ДПМНЕ и направи нешто што луѓето не го очекуваа. Мицкоски гради вредности, идеал и кауза, а јас би додал и традицијата. И со тоа тој докажа дека е лидер на вистинско место и во право време, и затоа го напаѓаат од власта. Во последни денови за него конструираа и разни лаги и шпекулации“, рече тој.

Арнаудов укажа дека граѓаните во Мицкоски препознаваат човек кој што ја сака својата држава и се бори за неа, идентитетот и јазикот. Исто така тој во своето гостување додаде дека во власта има политички отпадоци кои што сакаат по секоја цена да и наштетат на Македонија.