Марко Арнаутовиќ напаѓачот на Австрија кој вчера беше во центарот на вниманието по навредите упатени кон Алиоски во текот на мечот против нашата репрезентација , денес излезе со изјава во која тврди, дека нема никаква провокација , на верска основа и дека ситуацијата е расчистена.
„Навистина ме погоди тоа што се пишуваше за мене. Јас не сум расист и никогаш нема да бидам. Провокациите со противниците е дел од фудбалската игра. По мечот застанавме еден до друг, разговаравме и ја расчистивме работата“, рече австиркиот напаѓач.
Наместо да му се израдува на голот, тој се сврте кон Алиоски и почна да го пцуе и да гестикулира кон него. Тоа го правеше се додека Алаба не притрча да го смири.
Македонија загуби од Австрија со 3-1 а Арнаутовиќ беше стрелец на еден погодок за Австријците.