Арно со 200 милијарди долари го мина Безос како најбогат човек на планетата

Претседателот на трговската групација LVMH (Louis Vuitton Moet Hennessy), Бернар Арно, по вторпат за еден месец го престигна основачот на американскиот технолошки гигант „Amazon“, Џеф Безос, на листата најбогати луѓе на светот, и неговото богаство првпат надмина 200 милијарди американски долари, објави во четвртокот деловниот магазин Fobres.

Според неговите пресметки, богатството на 72-годишниот Французин се зголемло за 1,4 милијарди долар во еден ден и го надминал богатството на Безос за 100 милиони долари. Уште во април активата на челникот на LVMH, вклучително и хартиите од вредност кои ги поседува, беа проценувани на 150 милијарди долари.

Како што наведува Forbes, групацијата LVMH во јануари ги завршила сите процедури за аквизиција на американската јувелирска компанија „Tiffany“ за 3,2 милијарди долари. Кон крајот на ланскиот октомври концернот договори склучување нова зделка за спојување со „Tiffany“, за намален износ. Цената на акцијата беше поставена на 131,5 наместо на 135 долари.

Извештаите за плановите на LVMH да го преземе „Tiffany’ се појавија уште во 2019 година. Договорот тогаш беше проценет на повеќе од 16 милијарди долари и се очекуваше да биде затворен во ноември 2020 година.

Богатството на Арно првпат скокна од 76 милијарди долари во март 2020 година на 186,3 милијарди долари овој монеделник која направи огромен раст од 110 милијарди долари за 14 месеци, благодарение на негвоата групација за луксузни стоки.

Групацијата LVMH, којашто ги поседува познатите брендови како „Fendi“, „Christian Dior“ и „Givenchy“ забележа раст за 0,4 отто во текот на првите часови уште од тргувањето во понеделникот, зголемувајќи ја својата пазарна вредност на 320 милијарди долари, зголемувајќи го личниот удел на Арно за повеќе од 600 милиони долари.