Ароганцијата на Шилегов нема крај: Никад да нѐ не гласаш више! (ВИДЕО)

По вчерашниот настан во Волково кога револтирана жителка на ова скопско село јавно го критикуваше градоначалникот Александар Наумовски во негово присуство, денеска слична таква средба имаше и градскиот татко Петре Шилегов.

На свеченото засадување седум дрвца, Шилегов се соочи со незадоволството на граѓаните, а кога еден од нив почна да му ги посочува проблемите и неисполнетите ветувања на градоначалникот, Шилегов, грубо и арогантно му посака пријатен ден со пораката: „Никад да нѐ не гласаш повеќе“.

Видеото можете да го погледнете во продолжение: