Кулминираше ароганцијата и простаклукот на Петре Шилегов. На денешната дебата за измените на Законот за јавни набавки во Собранието на Република Македонија, пратеникот од СДСМ Петре Шилегов уште еднаш ја покажа својата елементарна некултура, ароганција и непочитување кон своите колеги пратеници и Собранието на Република Македонија како институција.
Петре Шилегов за време на говорот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев, самоволно се стави во улога претседател на Собранието и на најдрзок можен начин го прекина и се обиде буквално да го избрка пратеникот Пишев од говорницата.
На оваа постапка реагираше Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски кој го потсети Шилегов на редот во законодавниот дом околу тоа кој има право да дава и да одзема збор на пратениците, ред кој Шилегов веројатно го заборавил поради предолгото отсуство од пратеничките клупи, додека тропаше по тенџериња по скопските улици.
После Вељаноски реагираше и заменик – координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски кој што го опомена Шилегов за неговото недолично однесување и обидите за пренесување на „уличната демократија“ на СДСМ во законодавниот дом.
Пратениците на СДСМ очигледно се истренирани и без команда да реагираат на границата на насилството секогаш кога некој ќе ги спомне криминалите на нивниот лидер Заев и страната на „вистината за Македонија“ која не сакаат да ја видат.
Ова е уште еден доказ за демократскиот капацитет на опозицијата и за односот кон сите кои не размислуваат како нив и не се согласуваат со нивните тези.
Пртходно Пишев го потсети Шилегов на сите сомнителни тендери на лидерот на СДСМ Заев во Струмица. Како што рече Заев на својот татко му доделил тендер во вредност од пет стана. За ова повеќе на следниот линк.