Ливерпул и Манчестер Сити изборија пласман во Лигата на шампионите откако победија во последното коло од Англиската лига, додека Арсенал остана на петтото место.
Арсенал славеше дома против Евертон со 3:1, иако од 14 минута играше без исклучениот Кошчиелни, но тоа не им беше доволно, бидејќи останаа зад Манчестер Сити и Ливерпул, па ќе играат само во Лигата Европа.
Сите на гости со 5:0 го совлада Ватфорд, со два гола на Агуеро, додела Ливерпул на својот „Ејнвилд“ без проблеми со 3:0 го победи Мидлсборо, па овие две екипи ги заземаа третото и четвртото место.
Челзи титулата ја прослави на „Стенфорд Бриџ“ со победата 5:1 против Сандерленд, додека Тотенхем брилјираше со триумфот со дури 7:1 против отпишаниот Хал Сити. Тотенхем во заостанатиот меч во четвртокот го победи Лестер со 6:1, па сезоната ја заврши во голем сил, како и неговиот прв напаѓач Кари Кин кој на Лестер му даде четири,а на Хал три голови и заврши како прв стрелец на лигата со 29 голови, четири повеќе од Лукаку од Евертон.