Благодарение на експресната реакција на трофејниот француски стручњак, Арсен Венгер, лондонскиот премиерлигаш Арсенал најверојатно ќе излези како победник во трката по репрезентативниот голман на Мексико, Гилермо Очоа.
Сега веќе поранешниот голман на новиот француски второлигаш Ајачио е најзаслужен за големиот бод кој репрезентацијата на Мексико го освои во дуелот против фаворизираниот домаќин, селекцијата на Бразил.
Очоа беше нерешлива енигма за најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Бразил, Неимар, кој не реализираше неколку чисти шанси, а најголемата ја пропушти капитенот на “кариоките”, Тиаго Силва.
Репрезентативецот на Мексико, кој сега има статус на слободен фудбалер, веднаш по натпреварот доби неколку примамливи понуди, но најприфатлива е таа на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.