Неделниот дерби натпревар од 1/8 финалната рунда во англискиот ФА Куп, дуелот помеѓу вечните ривали Арсенал и Ливерпул, заврши со минимален триумф на „топчиите” од 2:1.
Домаќинот дојде во водство со погодокот на Окслеи-Чембрлен, на 2:0 зголеми германскиот интернационалец Лукас Подолски, а почесниот погодок за Ливерпул беше дело на капитенот на „црвените”, Стивен Џерард кој успешно го изведе ударот од белата точка.
Со сигурниот триумф од 3:1, фудбалерите на Евертон го победија и го елиминираа гостинскиот тим на Свонси, а пресметката помеѓу англиските второлигаши Шефилд Ј. и Нотингем Ф. заврши со триумф на домаќинот од 3:1.
Двојки за 1/4 финале: Арсенал – Евертон, Манчестер С. – Виган, Шефилд Ј. – Шефилд В./Чарлтон, Брајотн/Хал – Сандерленд.