Арсениј Јаценјук: Русија ја казнува Украина за нејзиниот европски избор

Премиерот на Украина, Арсениј Јаценјук изјавил дека Украина има потреба од итна диверзификација на снабдувањето со гас, пренесе „Интерфакс“. Пред новинарите во Брисел, тој рекол дека Русија го казнува Киев за неговиот европски избор, зголемувајќи ја цената на гасот.

„Со удвојувањето на цената на гасот, Русија ги нарушува сите договори и договори меѓу двете земји. На овој начин таа ја казнува Украина за нејзиниот проевропски избор“, истакнал Јаценјук.