Арсовска до Битиќи: Во оваа енергетска криза сме затоа што не се реагирало навреме и не се преземале мерки да се спрeчи кризaта

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостивањето во ТВ24, во врска со енергетската криза истакна дека ваквата ситуација е резултат на тоа што не се реагирало на време и не се преземале мерки за да се спречи или ублажи кризата.

„Неопходно е сите оние коишто сега, во овој момент имаат потреба од помош, да им се помогне. Тоа значи дека, доколку сме испорачале определени барања, доколку тие не се прифатливи за вас, мислам дека коректно би било да добиеме одговор дека нема да ни помогнете. Потоа, како очекувате некој да ребалансира, каков ребаланс да направиме на буџетите, кога толку многу се изедени, задолжени сме за три генерации. Од што да кратиме. Па од што да кратиме. Што и да направиме, каде и да скратиме, ние ќе погрешиме“, изјави Арсовска.

Градоначалничката, обраќајќи му се на вицепремиерот Битиќи, истакна дека сме во ситуација на енергетска криза поради ненавремените мерки.

„А факт е дека во оваа енергетска криза не сме се довеле самите. Во оваа енергетска криза, ние сме тука затоа што требало да се реагира навремено со одредени мерки, коишто мерки, како што можеврте да видите нити претходната гарнитура на градоначалници, и покрај тоа што им биле раксинато договорите, не преземале ништо, а да се справат со таа криза. Што значи тоа, дека и тие чекале на вас да ги спасите, па сега и ние чекаме навас да не спасите?“, посочи Арсовска.
Таа нагласи дека не треба градоначалниците да се делат на наши и ваши и треба да им се помогне на сите.