Арсовска е промашена инвестиција, вели Таравари, но мандатот може да ѝ го одземе само тој што ѝ го дал

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска е промашена инвестиција, вели министерот за здравство Арбен Таравари. Но, тој смета дека политичарите не треба да разрешуваат градоначалници.

„Има предлог од ЗЕЛС или градоначалникот на Кисела Вода како да се разговара за разрешување градоначалници, јас мислам дека градоначалниците се избираат непосредно од народот. Ние предлагаме промени во Законот за локалната самоуправа. Значи, целта е да рационализираме, да нема избори и во декември или јануари, па октомври повторно идната година“, вели Таравари.

Тој нагласи дека на градоначалниците мандатот може да им го земе само тој што им го дава, а тоа е народот.

„Иако има градоначалници, кои иако се избрани од народот, не функциниораат како што треба. Јас мислам дека градоначалникот на Кисела Вода се повикаува најмногу на градоначалничката на град Скопје, која е промашена инвестиција“, додава Таравари.

Според него, треба да има политичка одлука за разрешувањето.

„Но, народот ги избира, народот може да ги разреши градоначалниците“, потенцира Таравари.