– Град Скопје отпочна со изготвување на анализа во Старата скопска чаршија. Тимови од градот извршија увид, во текот на наредните недели ќе ја презентираме анализата со конкретен акциски план за тоа што ќе се прави во Старата скопска чаршија, во кој рок и како ќе придонесеме да се подобрат содржините и таа да заживее, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во гостувањето во Само вистина на Канал 5 телевизија.
На прашањето што конкретно се барањата на граѓаните, Арсовска истакна дека тие не бараат многу. Напротив, потребни им се основни услови за работење.
– Барањата на граѓаните не се мегаломански. Бараат основни услови за подобро да работат и да функционираат. Бараат начин како да заживее чаршијата и токму тоа е она што ние сакаме да го направиме, дополни Арсовска.