Денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска присуствуваше на годишниот настан за доделување на признание на најголемите поддржувачи на СОС Детско село.
Арсовска во своето обраќање истакна дека Градот Скопје и понатаму ќе дава поддршка на активностите за развој на личните потенцијали и општествените вредности на своите граѓани а особено за најмладите бидејќи грижата за најмладите е грижа за нашата иднина.
„Изминатиот период имав прилика да се запознаам со дел згрижувачките семејства кои безрезервно ја даваат својата љубов и грижа со цел децата да ги пребродат сите предизвици кои им се испречуваат на патот. Наша заедничка определба е сите заедно да работиме и да создаваме општество каде секое дете ќе има подеднакво среќа, поддршка,едукација, родителска грижа и љубов“, рече Арсовска.
Градоначалничката Арсовска истакна дека градот Скопје во рамките на неговите можности и понатаму ќе биде партнер и ќе помага за создавање успешни приказни и да се прават промени во општеството.
Во име на Градот Скопје, градоначалничката Арсовска ја прими благодарницата од СОС Детското село за придонесот и поддршката кон работата на оваа организација.