![обј-2](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/ob-2.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Градот Скопје доби уште едно признание во меѓународни рамки за посветеноста, иновативноста и се етаблира како лидер во доброто управување во локалната самоуправа. Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска е избрана за претседател на Форумот на градоначалници што се одржа во Обединетите Нации во Женева, Швајцарија.
За потпретседатели на Арсовска се избрани градоначалниците Рикардо Рио од Брага, Португалија и Сузан Aиткин, од Глазгов, Велика Британија.
Годинава за прв пат како официјално тело во рамки на Обединетите нации, исклучителна чест претставува фактот што Арсовска беше избрана како претседател и ја доби добербата преку директно гласање на Форумот во кој учествува по еден градоначалник од секоја држава од Пан-европскиот регион, Северна Америка, Африка, Азија, Латинска Америка и Блискиот Исток.
Арсовска заедно со нејзиниот тим ќе учествуваат директно во формирањето на програмата на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиштето на Обединетите Нации, и преку усвојување на декларации ќе учествуваат во креирање на меѓународните политики за локалните власти.
![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/unnamed.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
По изборот на Град Скопје за Европскa престолнина на културата 2028 ова претставува уште еден огромен успех на меѓународна сцена за градот. Како на домашен така и на меѓународен план Град Скопје продолжува да работи на остварување на заложбите и програмските определби за оставарување на проектите кои се дел од програмата „За модерно Скопје“.