Покрај нападите кон мене во изминатиов период од луѓето кои потрошија милиони од средствата на скопјани, за свои лични хирови за прослави по кафеани, а при тоа не исполнија ни 5 отсто од она кое го ветуваа четири години, јас можам пред скопјани да потврдам дека таквите денови се веќе минато. Повеќе нема трошење пари на граѓаните за лични цели, градот се води домаќински, а проектите кои ги реализиравме и ќе ги реализираме во периодот кој следува ќе бидат доказ за тоа, истакна градоначалничката Арсовска.
Додаде дека сево ова е доказ дека сепак може да се работи и да се реализираат ветувањата, наспроти претходното градско раководство кое за четири години реализираше само 5 отсто од својата програма.
Порача дека заедно и со поддршка на граѓаните, Скопје ќе се раководи одговорно, транспарентно, во служба на сите граѓани.
„Парите на граѓаните нема да се трошат на прослави и кафеани, и луксузирање од поединци, нема да се злоупотребуваат привилегиите, поради кое однесување Градот е оставен со милионски долгови”, потенцираше Арсовска.