Арсовска назначи нови директори: Со јавни претпријатија ќе раководат кадри на ДУИ и ГРОМ; Дали е на повидок нова коалиција?

Денес се назначени новите в.д директори на Јавните претпријатија во Скопје.

Со ЈП Лајка назначена е да раководи активистката Радмила Пешева.

„Градски паркинг“ го добива партија на Стевчо Јакимовски, ГРОМ и за директор е назначен Крсте Петревски.

Во „Улици и патишта“ за в. д. директор е назначен Саид Саид, во „Паркови и зеленило“ Реџепи Зухејр, кадри на ДУИ блиски на крилото на Изет Меџити и Блерим Беџети.

На в.д директорската позиција во ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков.

Во ЈП Комунална Хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, ЈСП Александар Стојковски и ЈП Водовод Марјан Митевски.

Според овој избор, се јавува оправдан сомнеж дека Арсовска направила коалиции со ГРОМ и крилото на ДУИ кои бараат промени во власта.