Арсовска: Не смее ниту еден човек да зема плата, а да не оди на работа!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешната прес конференција во однос на проблемите во ЈП „Комунална хигиена“, нагласи дека над триесетина лица земале повисока плата и до 35 проценти, а ниту еднаш не се појавиле појавиле на работа. Како што рече, живееле во Германија, а зимале „џепарлак“ од први до 15 до месецот во вид на плата од „Комунална хигиена“.

Таму се работело со притисок и закани, правниот систем мора да профункционира.

-Не може мафијаши да ни ја водат државата, на Косана Мазнева треба да и се даде поддршка“ рече Арсовска.

По однос на чистењето од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ  и СДСМ а и по однос на иницијативата да си ја преземат хигиената во општините, таа рече да не глумат инфлуенсери и да се фатат да си ја работат работата и да престанат да играат со нервите на скопјани.

„Нека си ги исчистат прво нивните населби и општини, па потоа нека зборуваат “одговори Арсовска.

Таа нагласи дека при вработувањето на спорните лица, непотизмот не бил третиран, и додаде дека мора да се расчисти со неработниците кои земале плата на сметка на оние кои чесно си ја работеле работата.

„Во целосна одбрана на Косана Мазнева е дека ги детектирала сите неправилности. Таа постапи уште минатиот месец, пред 25 јуни, кога реагира соодветно, кога почна со сите постапки, па мафијашките структури одлучија да се пресметаат со неа. Јас не дозволувам никој да манипулира тука, најмалку против една жена, која се нафати со едно претпријатие со 1.400 вработени, кое било во заложништво на ликови, семејно поврзани, да се обиде ова да го испреврти и да ја направи виновна. Треба да го поздравите тоа што некој со овие мафијаши се справува по 30 години. Ако мислите дека со еден ден се прави сериозна пријава – се лажете. Затоа треба оваа жена да ја поздравите сите, да ѝ кажете браво“, им рече Арсовска на новинарите.

Посочи дека фатиле луѓе што се трајно иселени во Германија, а примале плата. Беше лута што новинарите не го иницираат ова прашање.

Рече дека не смее ниту еден човек да зема плата, а да не оди на работа.