Арсовска неформално позната по реченицата „од утре да го нема“, нареди да ги нема 100 вработени во Водовод, оставајќи ги без егзистенција

-Градоначалничката Данела Арсовска своите фрустрации не треба да ги истура врз недолжни луѓе вработени во ЈП Водовод и Канализација – Скопје. Најавата за отпуштање на 100 лица, од кои дел се наследени од претходното раководствo и работат чесно веќе две па и повеќе години е крајно бесмислен и неразумен потег. Арсовска неформално позната по реченицата “од утре да го нема“ нареди да ги нема 100 вработени во ЈП Водовод и Канализација, оставајќи без работа и без егзистенција. Можеби нервозата на градоначалничката е резултат на извештајот на ЕИБ, кој ги негира нејзините обвинувања и потврдува дека тендерската постапка за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје е водена правилно. Но, нејзините лични чувства не смеат да бидат причина да им се осветува на вработените во јавното претпријатие, велат д ВМРО-ДПМНЕ.
-Впрочем, за тоа дека Арсовска не е во право говорат и апелите на гранковите синдикати при ССМ, особено ако се има предвид економската состојба во која се наоѓа државата и егзистенцијата на 100 семејства од платата во ЈП Водовод и Канализација.
Патем инспекцискиот надзор од пред два месеци направен од страна на Државниот инспекторат за труд во јавното претпријатие увидел кристално чиста состојба, што само покажува дека овие 100 лица совесно и одговорно си ја вршеле својата работа. Оттука сметаме дека Арсовска треба да се вразуми и своите битки да не ги води врз грбот на граѓаните.
Скопје и граѓаните од неа очекуваат работа, проекти и модерно Скопје, а не нервозни реакции на градоначалничката. Таа треба да ги исполнува своите ветувања за кои е избрана и за кои е платена од народни пари, соопштија од партијата.