
Фејсбук објава на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска:
„Успеавме да извојуваме уште една победа со цел заштита на јавниот интерес, интересот на скопјани.
Скопје се чисти, екипите на Комунална хигиена Скопје се на терен, состојбата во претпријатието е нормализирана.
Не дозволивме и нема да дозволиме мафијашки структури заедно со политичкиот смет да наштетат на интересите на македонските граѓани.
Она што го ветив пред граѓаните е дека ќе работам чесно и во нивен интерес и ништо нема да ме спречи да го исполнам дадениот збор.