Арсовска нема капацитет да реализира капитални проекти, вели премиерот Мицкоски

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во „Тема на денот“ во централниот дневник на ТВ Сител, вели дека Данела Арсовска нема капацитет да реализира капитален проект за изградба на Булеварот „Хасан Приштина“, потенцирајќи дека иако веќе 2 години 10 милиони евра се префрлени на сметката на Град Скопје, нема потрошено ништо од тие средства.

„Е сега кога сме кај тоа. Да тоа е капитален проект. Треба да е комплетен, а второ треба да се потрошени оние 10 милиони евра кои што веќе се дадени за реализација на еден таков капитален проект како што е Булеварот „Хасан Приштина“ кој што не само што не е почнат две години, туку ниту фенинг не е потрошен“, рече тој.

„Ако некој нема капацитет да реализира капитални инвестиции, како што е тој булевар, иако до мене стигаат многу информации дека се тргува со тие средства кои ги има Градот Скопје на својата сметка, па се бараат градежни фирми кои тоа ќе го изведуваат и итн., тогаш има институции кои со тоа се занимаваат. Факт е дека тој проект не е почнат со реализација и сега кога ќе видите дека некои 10 милиони евра му стојат 2 години на сметка, а не инвестирал ништ, тогаш логично е да поставите прашање зошто и тие 10 милиони евра не си ги вратиме назад во буџетот и да ги искористиме за нешто што е потребно за граѓаните во некои општини кои се поподготвени“, дециден е Мицкоски.