Арсовска прави нова злоупотреба – ЈП „Паркови и зеленило“ распишува оглас за 90 вработувања без согласност на Советот кој е негов основач, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со скандалите на Данела, може да се сними теленовела. Последниот доаѓа од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ со кое директорува нејзиниот кадар Сефи Шабани. Во ова јавно претпријатие спротивно на процедурата и нормите, се распишува оглас за деведесетина вработувања, без да има одобрување од страна на Советот на Градот Скопје, кој е основач на компанијата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е класична злоупотреба и самоволие во режија на Данела Арсовска, која со овој чин ги задоволува апетитите и барањата на нејзината коалиција ДУИ-СДС-Левица. Ваквите бизнис и политички пазари ги туркаат јавните претпријатија во превработеност, задолженост и хаос. Надлежните институции треба соодветно да реагираат и да преземат соодветни мерки, бидејќи овие огласи не се валидни, стои во партиското соопштение.