Арсовска: Рацете ми се врзани, а владата треба да подмири долг од 8 милиони евра

Град Скопје не може ништо да исполни додека 45 советници не престанат да ги блокираат програмите што го прават со години, а Владата треба да си го подмири долгот од 8 милиони евра, вели скопската градоначалничка Данела Арсовска на денешна пресконференција. Таа вели „не е до мене“, туку сите прашања се поврзани со одлуката на Советот, „а законот не можат да го кршам“.

За вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за локална самоуправа Златко Перински таа вели:

– Вчера иако презентиравме план со конкретни мерки за состојбите, тие не го прифатија, побараа од нас нов план, а беа изненадени дека и тој го прифативме. Состанокот траеше еден час, имаше детална разработка за сите прашања, за сите оние работи кои се блокирани. Како ги презентиравме работите беа одбивани работите, мислеа дека ќе одбиеме. Ќе видиме на кој обид ќе им се допадне планот. Некој ако сака да се покаже како лидер треба да си дојде со сопствен план. Не сакаме конлфикти и сакаме да докажеме кој сака конфликтни решенија – вели таа на новинарско прашање.

Таа сепак вели дека се сложува со министерот Перински дека немало комуникацијата меѓу Градот и Владата.

– Сакам да го цитирам Перински, дека генерален заклучок е немањето комуникација помеѓу советничките групи во рамки на Градот Скопје. Добро е тоа што Мицкоски се обиде да ги поправи грешките на неговите сопартијци, за жал, сето тоа наликуваше на политички циркуз само за добивање на политички поени. Јас не се натпреварувам за политички поени – рече Арсовска.

Градоначалничката вели дека наскоро треба да биде презентиран новиот план, „па да видиме кој колку сработил“.

Таа вели дека осветниците на ВМРО-ДПМНЕ не креваат рака или ја напуштаат салата, без свој коментар, а „својата работа да кренат два прста за 500 евра не ја работат“.

– Имав 45 личности предлог-советници кои на секој настап кога го презентирав тоа тие го кочеа, а претходно велеа дека ќе бидат гаранти на моите проекти. Тоа што некој не сака да ги види и чуе, тоа сепак е нивна мана – што има градоначалници кои имаат 2 отсто програма. Тие сите имаат Совети кои заедно им ги имплентираат одлуките уште од првиот месец од годината. Имаат буџети кои никој не им ги спори и расипува. А ние тука во Град Скопје се бориме со политички дилетанти.

На прашање дека граѓаните се гушат и дека сега повторно се прави план кога ништо не е функционално таа вели:

– Надлежностите за ова да се изгласа не се во рацете на Град Скопје. Се сложувам со Перински. Јавните претпријатија не омжат да вработат 120.000 луѓе ако таа програма не е помината на Совет на Град Скопје, тоа би било незаконски. Доколку ги слушаа моите планови сега ќе имавме целосно нов возен парк. Не ги ветуваше Мицкоски автобусите покрај мене? Во Скопје ме гласаа 45 советници, но тука во Советот не гласаа ништо. Да можев без нив, до сега градот ќе беше тип-топ. Го немам направено само она коешто Советот не гласа. Станав непопуларна градоначалничка откако ги фатив со рачињата во медот. Секој знае дека без овие Програми не можете ништо да направите.

На прашањето зошто не е почната градбата на Пречистителната станица во Скопје таа вели:

– Прво две општини имаа застои во нивните ДУП-ови, тоа не е застој на Водовод. Тоа се Аеродром и Гази Баба кои требаше да ги донесат во нивните совети. Откако го направија тоа почна изработката на проектот кој е сложен процес за кој требаат градежни дозволи. Тоа е исто да ме прашате дали Мицкоски утринава има платено некоја работа на некоја сметка. Не можам да давам паушални изјави за тоа што немам конкретна информација. Можеме да ви испратиме извештаи од состаноците за станицата. Жал ми е што овој екокапитален проект меѓу најголемите во државата е во застој. Но, се работи за европски средства и за луѓе кои беа фатени со „рачињата во медот“.

Потоа следеа прашањата за набавка на автобуси. Арсовска тврди дека набавката ја токму ВМРО-ДПМНЕ:

– Секоја година по 50 години ако набаувавме чќе имавме 150 автобуси. За жал на вчерашната средба рекоа пари во Буџетот. Можеа како Груевски да се одважат, па да купат автобуси. Но, тие не понудија ништо. Ми побараа нов план. Нема проблем, ние ќе правиме планови додека нив не им се допаднат –  вели градоначалничката и додава:

– Проблемот за ЈСП е комплициран, пред се затоа што 8 милиони евра има долг кој Владата не си го плаќала, а други години имало дотации и од 15 милиони од централната власт. Но, сега 4 години нема никаква помош од централната власт и тоа во време кога имаше енергетска криза и зголемени беа цените на реагенсите.

На повеќето од прашањата Арсовска повторуваше дека ВМРО-ДПМНЕ со години ја блокира работата на градот и дека владата мора да си го подмири долгот од 8 милиони евра.

– Да не ме блокираа од 2020 година ќе имавме се спроведено. Од ВМРО-ДПМНЕ не прифатија заедничка прес-конференција, затоа ја правиме во Град Скопје – вели Арсовска.

На прашањето зошто чекала две години за средба со власта и со советниците таа вели дека секогаш кога на состаноците ќе се усогласат ставовите, на Совет на Град Скопје се прави спротивното

Аросвска, меѓу другото е против укинување на слободниот автобуски превоз за студентите:

– Не го прекинуваме слободното возење за студентите. Има зошто се вика студентски стандард. Најдете јунак кој ќе каже дека не треба да им се плаќа на студентите за тоа. Тоа е владина одлука донесена пред 10 години – вели таа.