Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, со доцнење, денеска сепак се појави на седницата за советнички прашања.
Очекувано, на Арсовска ѝ беше поставено прашање околу проектот за пречистителна станица, поради кој таа го разреши директорот на „Водовод и канализација“, Златко Перински, со обвинување дека влијаел на изборот на изведувач на тендерот вреден 160 милиони евра.
Советникот Луке Гaлевски од ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека Перински е жртва на притисок од градоначалничката, која побарала смена на членовите на Комисијата за евалуација на овој проект.
Овие тврдења тој ги поткрепи со допис од Арсовска во кој се бара смена на членовите на комисијата, а е испратен на 25 јули. Гaлевски запраша зошто ако навистина Арсовска се сомневала дека Перински имал некакво влијание, месец и половина од дописот таа не ги известила надлежните институции. И зошто покрај негативниот одговор на Европската инвестициона банка, Арсовска упорно бара смена на Комисијата?
Кога се отвораа понудите за тендерот Арсовска имаше мотив да упадне во „Водовод“, истакна Гaлевски, посочувајќи дека мотивот е извесен Архан Керим, турски бизнисмен кој има поврзаност со фирма ученик на тендерот за пречистителната станица.
Понудата на оваа компанијана на тендерот е 20 милиони пониска од останатите учеснички. А, симптоматично е дека оваа информација беше споделена во јавност и пред да се отворат официјално понудите. Дали за ова требаше промена на членовите на Комисијата за евалуација?, ја праша Гелевски градоначалничката.
Тој постави советничко прашање и за ветувањето на Арсовска за бесплатниот јавен превоз но таа видно изнервирана на говорница излезе со политички говор и обвинувања за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ без конкретни одговори за поставените прашања.
„Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни и храбри луѓе. Мицкоски за жал не е еден од тие. Како до вчера бев најдобрата градоначалничка, а кога ви го фатив директорчето со рачето во мед, не чинам? За спорниот тендер има кој да си одговри, зошто не се постапувало како што треба, и сите одговори ќе си дојдат кога треба. А, на шпицниот градоначалник Мицкоски да му кажам едно, да не се крие. Да се бореше со власта за спорните договори како што се бори овие три дена со мене, ќе ја спасеше Македонија“.
По нејзиното обраќање, беше побарано пауза, после која Арсовска не се појави на седницата.