Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, наместо да ги решава проблемие на граѓаните, таа создава нови проблеми. Наместо да биде сконцентрирана на реализација на својата програма, таа е сконцентрирана на создавање на конфликти. За кратко време создаде хаос во градот, реагираат во средата од ВМРО-ДПМНЕ.
„Скопје е нечисто како никогаш досега. Се скара со синдикатот на ЈП Водовод и Канализација. Се скара со синдикатот на ЈСП. Доцни исплатата на платите во паркови и зеленило. Доцни исплатата на платите во Лајка. Се скара со приватните превозници. Во училиштата под Град Скопје владее хаос. Пожарникарите ги принудува да бидат чувари“ се наведува во партиската реакција,
Од ВМРО-ДПМНЕ, посочуваат дека градоначалничката Арсовска единствено соработува со СДСМ и дека оддеднаш ги заборавила на матните зделки и криминалите на претходното раководство на град Скопје, предводено од кадрите на социјалдемократите.
„Ова коинцидира со контактите и средбите на Арсовска со Ковачевски и Јакимовски во Владата. Арсовска треба помалку да се занимава со политика а повеќе со решавање на проблемите на народот. Аросовска наместо со сплеткарења треба да засука ракави и да ги исполнува ветувањата кои ги даваше на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.