Арсовска сподели фотографија со сопругот: Верувавме во успех од првиот ден

Во септември со храброст и одлучност знаевме дека заедно можеме наспроти сите неправди. Знаевме и дека оваа слика ќе биде спомен дека заедно верувавме во успех уште од првиот ден. Убедливо победивме. Убав ден Скопје, убав ден Македонијо, напиша Данела Арсовска, новата градоначалничка на Град Скопје на својот профил на Фејсбук, споделувајќи фотографија со сопругот.

Изборната комисија на Град Скопје вчера и го врачи Уверението за избор на градоначалник на Данела Арсовска, со што Град Скопје доби жена градоначалник за првпат од независноста на државата.

Првиот работен ден таа ќе го има во понеделник, кога официјално ќе го преземе градоначалничкиот мандат за Град Скопје.