![tomovska-arsovska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/tomovska-arsovska.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска оствари работна средба во Бон со Клаудија Немат, член на одборот за Европа и технологија на Дојче Телеком, соопшти денеска Министерството за информатичко општетсво и администрација (МИОА).
Тема на разговор биле идните перспективи за дигитализација на Република Македонија, е-Влада, е-здравство, е-администрација и т.н „паметни градови“.
Министерката Арсовска Томовска истакнала дека Македонија е добра дестинација за пилотирање проекти на национално ниво, со оглед на тоа што се работи за мала, но компактна земја која располага со значајни технички и човечки капацитети.
Како најголем странски инвеститор во Република Македонија, Дојче Телеком е партнер во имплементацијата на стратегијата на Владата на Република Македонија за дигитализација.
Во рамки на посетата на седиштето на Дојче телеком Арсовска Томовска ја посетила лабораторијата за дигитална иднина.