Арсовска уцената со кривични пријави е најдобриот играч на СДСM и дел од новоформираната коалиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопската градоначалничка Данела Арсовска е уцената и одработува за владејачката СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски и самата се вброи во новоформирана коалиција која е финансирана и контролирана од параполициските структури на СДСМ, обвинија во саботата од ВМРО-ДПМНЕ.

Вистинското прашање, велат од ВМРО-ДПМНЕ, е што е уцената зад која Арсовска е принудена да одработува за СДСМ и да брка луѓе од работа, како во случајот со јавното претпријатие „Водовод“.

„Дали е тоа поради тоа што е фатена во сомнеж за корупција од 160 милиони евра за пречистителната станица, незаконски дејанија кои ги потврди и Европската инвестициска банка?

Дали е поради тоа што Арсовска се доведуваше во поврзаност со палењето на возило на извршната директорка на Сојузот на Стопански комори и непревземањето на МВР на конкретни дејанија за овој случај?

Дали Арсовска е принудена да одработува за СДС за да се спаси од кривичен прогон влегувајќи во новоформираната коалиција на уценети одработувачи на власта?“, се додава во партиското соопштение.