Арсовска во Чаир: Со Беким се договоривме дека изградбата на нови зелени површини ќе ни бидат врвен приоритет

Денес во единствениот парк во општина Чаир, имавме многу пријатна семејна прошетка со Беким Сали, кандидатот за градоначалник на општина Чаир и неговото семејство, сподели кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, додавајќи дека за жал, заеднички констатирале дека паркот е во лоша состојба и сѐ повеќе се намалува под притисок на бетонизацијата и урбаниот хаос.

-Се договоривме заедно дека неговата ревитализација, проширување и изградба на нови големи зелени површини во Чаир и во Скопје ќе бидат меѓу врвните приоритети и на општина Чаир и на градот Скопје. Зелените површини не се само места за релаксација и одмор туку ќе бидат и места исполнети со содржини кои ќе придонесуваат за зближување на сите граѓани на град Скопје.
Сакам на Елиф и на ќерките на Беким да им се заблагодарам за одличното гостопримство и дружба. Ќе биде чест да се соработува!
За наше Скопје!, порача Арсовска.