Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска информираше дека градските инспектори по дојава на граѓани затекнале приватна дива депонија крај реката Лепенец на територија на Општина Ѓорче Шетров.
– Станува збор за депонија на приватна парцела од 4000 м2 и дополнителни 5.000 м2 државни кај Лепенец, кај пречистителната станица која ја гради Општина Ѓорче Петров. Депонијата е на компанија под истрага за други дела, на лице вработено во секторот за финансии во Општина Ѓорче Петров. Сопственикот на социјалните мрежи може да се забележи во друштво со градоначалникот Александар Стојковски, рече Арсовска.
Таа рече дека во акцијата биле вклучени и екипи на МВР, а се воспоставило дека за истурен отпад се наплаќало од 1.000 до 1.200 денари од различни клиенти-компании, а муштерија била и самата Општина Ѓорче Петров.
– Свесно и за профит ги труе скопјани, по неколкудневно следење ги фативме на лице место. Направен е увид на парцелата. Се користела за бизнис со истурање на отпад во заштитна зона на Лепенец. Сторен е и финансиски криминал. Физички и приватни лица истурале отпад, а депонирал и Ѓорче Петров. Меѓу 50 и 100 тешки камиони на ден пристигнувале со канцероген отпад, додаде Арсовска.
Таа наведе дека кривична пријава ќе биде поднесена и против Стојковски и дека очекува од градоначалникот да си поднесе морална одговорност
– Од затекнатата документација, се заклучува дека ова траело две години на парцелата. Во изминатите два дена вклучени беа повеќе институции. Во следните неколку дена ќе се испитува од каков состав е отпадот. Има и закопување до самата река, истакна Арсовска и рече дека фирмата и физичкото лице кое стои зад неа се познати на Град Скопје.