Независната кандидатка Данела Арсовска која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на партијата по одлуката на Извршниот комитет.
„Благодарност до ВМРО-ДПМНЕ за поддршката на мојата кандидатура како независен и натпартиски кандидат за градоначалник на Скопје. Ме охрабрува тоа што ја препознаа искрената визија и концепт за подобар живот на скопјани. На Скопје му треба обединување и градоначалник кој ќе помага и работи за сите скопјани, без никакви поделби“, напиша таа.