Ја поздравуваме одлуката на антикорупционерите за отворањето на повеќе случаи со сомнеж и основ за корупција во владата на СДСМ и укажуваме дека ќе ги следиме нивните истраги и каде треба дополнително ќе сугерираме за целосно расчистување на истите случаеви. Денеска сакаме да нотираме уште еден спорен процес за концесијата за 3 хидроцентрали на вицепремиерот на владата на СДСМ Кочо Анѓушев, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:
Имено да потсетиме дека Кочо Анѓушев ја поседува фирмата МХЕ Тополки преку фирмата Фероинвест, а управител на истата е неговиот брат Тодор Анѓушев. МХЕ Тополки добила концесија од Владата за изградба на 3 хидроцентрали кои требало да ги изградат во рок од 3 години согласно член 68 од договорот за концесија кој што бил потпишан.
Според Арсовски со нов анекс договор, потпишан од актуелниот министер на Заев во Владата, Садула Дураку, на вицепремиерот Кочо Анѓушев му се продолжува рокот за изградба за уште околу 2 години заклучно крајот на 2019 година бидејќи во првите 3 години нема ништо изградено.
Не би било ништо тука спорно, освен ако не е уредено во првичниот договор кој го потпишала фирмата МХЕ Тополки со Владата каде што во член 68 пишува дека доколку не се изградат хидроцентралите во рок од 3 години, договорот се раскинува. Во овој случај сомнежот е дека Кочо Анѓушев влијаел кај својот колега Садула Дураку да му го продолжи рокот за изградба на околу 5 години. Значи од 3 години се продолжува уште за година и 7,8 месеци скоро 5 години.
Од она што може да се забележи во моментов, се уште ништо не е изградено согласно договорот за концесија. Па така ги повикуваме антикорупционерите да го истражат и овој спорен процес и случај, посочи Арсовски и подвлече:
Очигледно целиот процес околу концесијата на Тополки има многу сомнежи кои вредат и заслужуваат да се истражат и ние ќе ги следиме целите процеси на истраги и истрагите и секаде каде што треба ќе нотираме како што веќе рековме очекуваме дека и за овој процес да се отвори случај каде што ќе се дознае вистината како било влијаено да се продолжи рокот на изградба од 3 на 5 години.