Зоран Заев стана синоним за лаги, злоупотреби и криминал. Неколку дена откако јавноста слушна разговори од Зоран Заев, се повеќе од неговите поранешни блиски луѓе и соработници се одважија да говорат за Зоран Заев и практично да го потврдат се она кое што граѓаните го слушнаа во јавноста од страна на медиумите, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Вчерашното сведоштво на поранешната блиска соработничка на Заев и шарена револуционерка односно активиска, Мери Николова Буџаку, која беше дел од шарената револуција даде јасна слика за тоа како дејствувал Зоран Заев изминативе години манипулирајќи ја целата јавност. Таа потврди Зоран Заев пред доаѓањето на власт го заробил целиот невладин сектор во Република Македонија, баш онака како што тоа го призна и Зоран Заев во аудио бомбите кои ги слушна целата јавност. Тој поткупувал и корумпирал лица и невладини организации кои што имале потоа задача да оцрнуваат лица и слепо да служат на неговите штетни политики кои што ги промовираше во јавноста. Најскандалозно е признанието на поранешната соработничка на Заев, Николова Буџаку, дека Зоран Заев ги упатувал ваквите субјекти парите да ги подигаат од самата партија СДСМ, без било како покритие. Тоа покажува дека Зоран Заев и СДСМ има сериозен сомнеж дека користат црни пари со кои финансираат политички отстрел на неистомисленици. Можете да замислите од каде доаѓаат тие црни пари.
Николова Буџаку тврди дека нејзе и биле нудени пари директно од Зоран Заев за да ја поткупи нејзината наклонетост.
Ова е добар сегмент каде што јавноста може да види што всушност и како корумпирал Зоран Заев во невладиниот сектор.
Затоа бараме институциите да ги проверат овие наводи бидејќи тоа отвора сомнеж како се финансирала СДСМ и како ги троши парите без покритие. Очигледно дека овие трансакции не се евидентирани во извештаите на СДСМ. Дали Зоран Заев ваквите црни и тајни фондови ги полнел со парите од „Рекет“, со Луј Витон торбите и потоа истите ги користел за корумпирање на невладиниот сектор, медиумите и правосудните органи со цел да купи своја заштита и елиминирање на своите политички неистомисленици?, прашува Арсовски.
Тој додава дека поранешната сопартијка на Заев призна дека тој самиот, освен што потплатувал и дрско манипулирал со јавноста, граѓаните и активистите во време на шарената револуција пуштајќи едитирани материјали со што ги злоупотребувал чувствата на граѓаните, се со цел да добие лични и партиски ситни поени.
-Зоран Заев е давеник за сламка. Зоран Заев е политички губитник. Тоа им е јасно на сите. Вистината веќе излегува на виделина, а наскоро тој и кликата околу него ќе бидат казнети од граѓаните, а во една транспарентна постапка сето тоа ќе биде истражено и санкционирано соодветно и од институции кои ќе бидат ослободени од неговите канџи и неговите црни пари. Времето на ваквите политики како Зоран Заев што ги водеше заврши, потенцира Арсовски.