Дали Зоран Заев формира советнички тим кој треба да помогне во реформите или криминален тим кој треба да му помогне како да ја искраде државата и народот? Дали граѓаните плаќаат луѓе експерти или измамници, насилници, криминалци, водители на фестивали и кого уште не да седат до него и да го советуваат? Ова се прашањата кои се наметнуваат после информациите кои кружат во јавноста за советниците што си ги плаќа Зоран Заев со парите на граѓаните, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димле Арсовски кој додаде:
Постои сериозна загриженост дека Советникот на Заев за урбанистичко планирање и градежништво, Андреј Манев бил кривично пријавуван и гонет за дела поврзани токму со градежништвото, сектор за кој сега го советува Заев. Андреј Манев ќе биде плаќан со народни пари и неговата плата ќе биде 40.000 денари. Каков експерт е Манев во областа на урбанизмот и градежништвото и со што е тој најповиканиот за местото советник? Дали неговата професионалност или можеби нешто друго било пресудно за негово ангажирање?“
Портпаролот упати низа прашања на адреса на премиерот Зоран Заев.
Го прашуваме Зоран Заев да одговори дали е точно дека против Андреј Манев во 2012 година била покрената кривична постапка во која Манев бил гонет за градење, изведување на градба или вршење надзор без или спротивно на одобрение? Дали е вистина и дека ова можеби не е негово прво кривично дело во кое бил замешан? Дали истиот и во 2009 година бил дел од кривична постапка во која се гонел за злоупотреба на службената положба и овластување? Пресудна ли била вмешаноста на Манев во дела од областа на градежништвото и урбанизмот, за негово ангажирање на позицијата советник на премиерот во делот на урбанизмот и градежништвото?“
-Дали евентуално за ангажманот на сомнителниот Манев било пресудно тоа што неговата сопруга е претседател на судот во Куманово каде не се постапува по предметот во кој Заев се товари за поткуп на избори, а претходно беше ослободен од обвинението покренато од Виктор Цветковски.
Што е следно? Дали Зоран Заев ќе ја ангажира Соња Николовска – ТАТ како советник за банкарство и штедни влогови? Или можеби ќе ја ангажира Светлана Чочоровска – Полетан, како советник за сузбивање на трговијата со дрога и организираниот криминал? Некадарноста на оваа влада секој ден се повеќе излегува на површина. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Метлата мора да заигра за целата влада, се друго е фарса, потенцираше Арсовски.