Како што вчера рековме, вчера дека ќе помагаме на граѓаните, колку можеме во рамките на граѓанските капацитети коишто ги поседуваме. А, денеска наместо одговори од власта ќе бараме одговорност. И за тоа сме тука токму на самото место да се види оваа стравотна апокалиптична состојба којашто ги погоди вчера граѓаните на Кочани. И тоа само заради една единствена работа, а тоа е поради неспособноста, некоординираноста на власта и нефункционалноста на институциите, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
– Денеска сме тука да побараме одговорност, за тоа што вчера наместо да стивне оваа огнена стихија тука од страна на надлежните, Стојанче Ангелов и сите останати коишто треба да бидат во тој кризен штаб, тие си беа по прослави. Стојанче Ангелов си глумеше селебрити и се сликаше со пејачи и со други лица од естрадата. Наместо да биде тука со граѓаните. Бараме одговорност за тоа што наместо да се сервисираат оние авиони, ЕР трактори односно канадери коишто со сервисот чинат само 400.000 евра, власта и Заев и сите останати не најдоа време, не најдоа пари, иако ја задолжија Македонија и ги потрошија за само една година една ипол милијарда евра. Не најдоа ниту време, ниту пари да ги сервисираат за да не ни се случи ова коешто ни се случи вчера за што сведочи оваа глетка каде што сè уште има чад од оние дрва коишто изгореа. Како што гледате стигна дури и до куќите и за жал има неколку куќи изгорено. И за жал неколку лица од огнот завршија во болница со изгореници како што можевме да видиме низ медиумите – рече Арсовски.
Тој вели дека браат одговорност за тоа што немало хеликоптери вчера да го гасат пожарот. Не летале нашите хеликоптери ноќе, срамота, а 21 век, држава Република Македонија, власт. Немало хеликоптери за граѓаните да им се помогне, а имаше хеликоптери кога требаше да се возат Венко Филипче и Зоран Заев на нивни приватни забави и настани.
– Бараме одговорност од власта за сѐ она што требаше да го направи вчера, а не го направи и за жал тоа ги чинеше граѓаните, некои со материјална штета, а некои за малку и со човечки животи. И бараме одговорност за тоа што оваа власт секоја една ситуација на непогоди и сè што е останато во рамки на нејзина можност да превенира ги изненадува за жал. Како што успеа да ги изненади овој оган, овој пожар на плус 50 степени во Кочани. Така да ние сме тука со сите наши расположливи капацитети во однос на помош на граѓаните во рамки како што реков нашите човечки капацитети. Она што сакам да го потенцирам на крај, ВМРО-ДПМНЕ заедно со правниот тим, заедно со луѓето од правната служба од партијата ги разгледува сите опции за поднесување кривични пријави до власта во однос на нивната нефункционалност, неспособност, некоординираност и нивното непостапување во рамките на вчерашниот ден за она што се случи тука – рече Арсовски.
Тој на новинбарско прашање рече дека одговорност ќе бараат од премиерот Зоран Заев, од Стојанче Ангелов и сите останати луѓе коишто треба да раководат со тој кризен штаб којшто за жал не функционира.
Според Арсовски треба да се поставуваат на клучни позиции луѓе коишто се капацитетни да водат.
– Јас не знам човек во државата којшто мисли дека Стојанче Ангелов може да се справи со кризи и со елементарни непогоди во Република Македонија. Не може да не изненади пожар во лето, како што не може да не изненади снег во зима. Клучна работа за оваа влада изминативе четири години дека нив нешто ги изненадува. И клучна работа е дека само бараат некоја помош од странство, де за вакцини, де за авиони, де за гаснење пожари и за сè останато. Така да има многу системски нефункционалности коишто се решаваат во рок од еден ден по преземање на власта – вели Арсовски.