Арсовски: Единствениот договор на Заев и Ахмети кој функционира е оној за криминал и тендери

Во однос на темата која што излезе вчера во медиумите од коалициониот партнер на Зоран Заев за промена на химна и знаме, единствениот договор за кој веруваме дека постои е договор за криминал и тендери помеѓу Заев и Ахмети, којшто гледаме дека во реалноста и во институциите функционира беспрекорно, вели во одговор на новинарско прашање портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Оцени дека продолжува, како што рече, криминалното делење на тендерите меѓу фунционерите од влаејачките партии и оти „на ова поле нема ниту застој ниту, пак проблеми, и сѐ функционира беспрекорно“.

„Од јавноста бараме да не наседнува на спиновите и политичките измами на оваа криминална тендерска коалиција Зоран Заев – Али Ахмети, и она кое што е многу поважно од овој спин и ова наметнување на оваа тема која беше предочена во медиумите вчера, е тоа што денес  Македонија како држава повторно извиси не доби датум, оној датум којшто го најавуваат наназад три до четири години Зоран Заев, Али Ахмети и нивните министри сите на куп“, рече Арсовски.

Потсети дека пред две и пред три години во власта го прославуваше датум за преговори со ЕУ но кој всушност до денес не е одреден, и постојано е во устите на Али Ахмети и Зоран Заев .

„Гледаме дека нема датум за преговори, нема ниту европска иднина со овие луѓе и единствено што гледаме што нивната крими-тендерска коалиција беспрекорно функционира“, рече Арсовски во својот одговор на прашањето.