Во моментов во економскиот тим на владата тотално се збунети. Секојдневно гледаме различни изјави најнапред пред 7 до 10 дена имаше изјави од Зоран Заев, од министерката за финансии, Нина Ангеловска дека буџетот е ликвиден, во одлична кондиција за пред 2 до 3 дена да имаме изјава од Заев дека во буџетот ќе има дупка од една милијарда и триста милиони евра. Вчера исто така имаше изјави од поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, дека во буџетот можно е да има дупка и до две милијарди евра, така што очигледно е во каква кондиција е буџетот на Република Македонија. Очигледно е каква е економската ситуација во Министерството за финансии од проста причина што овој економски тим на владата предводена од СДСМ е апсолутно неспособен, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
– Дополнително мерките кои што беа предложени до стопанствениците се далеку од доволни да се помине кризата. Ова не се мерки, ова се некои полумерки кои што воопшто не помагаат и дали ќе им помогнат на десетина проценти од стопанствениците – додаде Арсовски и апелираше власта да ги прифати мерките предложени од ВМРО-ДПМНЕ за побрзо излеземе од оваа криза, бидејќи, како што рече, ако вака продолжи несериозноста на владата многу брзо компаниите ќе бидат затворени и граѓаните ќе немаат пари дома да се прехранат.
Арсовски се осврна и на цената на тестот за ковид-19 која во Институтот за јавно здравје чини 4.950 денари.
– Тестот за граѓаните да можат да се проверат дали се заразени од корона вирусот или не во Институтот за јавно здравје чини 4.950 денари. Бидејќи тестовите за граѓаните се бесплатни, ова е сумата која Фондот за здравство ја наплаќа од Министерството за здравство. Сето ова би било нормално, доколку тестовите во приватните клиники чинеа исто колку и во јавното здравство, а не трипати помалку односно 1.200 денари и 1.500 денари по тест во една од приватните клиники. Срамота е ова што се случува. Нема ниту една прецизна изјава каде што ќе се изнесе вистината во врска со набавката на тестовите за Ковид-19 и цената колку навистина чинат, и зошто е тоа така. Со разликата од цената на тестовите, до цената која ја наплаќаат во јавното здравство ФЗО, ќе можеле да се купат 3.000 тестови повеќе за тестирање на граѓаните и наместо 1.000 тестирани до вчера, ќе можевме имавме 4.000 тестирани граѓани за појасна епидемиолошка слика, а не луѓе да дознаваат дека нивните блиски имале корона дури откако ќе починат истите – рече Арсовски, кој го обвини Фондот за воено профитерество.