Арсовски: Филипче веднаш да објасни која е поврзаноста помеѓу него, луѓе од Владата на Заев и скандалозниот бизнисмен Илир Рапај

Венко Филипче молчи за скандалозниот тендер за стерилизација, реагира Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Целата јавност виде како се фаворизираат и местат тендери во Владата на Република Македонија конкретно по втор пат во Министерството за здравство. За жал тендерот за стерилизација не е прв пример како јавно се местат тендери за компании по мерка на министрите, а за жал нема да биде ниту последен. Венко Филипче после ваков јавен блам каде што целата држава знаеше кои луѓе и фирми од Албанија ќе го добијат тендерот за стерилизација во здравството треба уште веднаш да си поднесе оставка и не треба да ја чека метлата. Филипче уште веднаш треба да објасни која е поврзаноста помеѓу него, помеѓу луѓе од Владата на Заев и скандалозниот бизнисмен Илир Рапај кој е тесно поврзан со двете фирми кои се активни на тендерот за стерилизација. Фирмите Е вита Албанија и Стери Мед Италија се поврзани со скандалозниот Илир Рапај преку негови фирми и со негови бизнис партнери од Албанија и италија. Конзорциумот Инвестал каде што има 40 отсто од акциите Илир Рапај е поврзан со фирмата Е Вита Албанија, а е составен од 3 компании, посочува тој.

Арсовски открива дека истиот тој Конзорциумот Инвестал е основан и регистриран во соседно Косово.

За фирмите поврзани со Илир Рапај кои вршат стерилизација во Албанија веќе се води истраги. Стерилизацијата во Албанија крахираше. Медиумите таму секојдневно пишуваат за лошото искуство со овој тип на стерилизација, а конкретно за лошото искуство со фирмите и со бизнисменот Илир Рапај. Монопол за стерилизацијата не смее да има во Република Македонија. Граѓаните највеќе ќе страдаат и сето ова ќе оди на нивен грб и нивна штета. Затоа, Венко Филипче уште веднаш да си даде оставка и да ги тргне криминалните раце од здравството, истакнува Арсовски.