Во последните неколку месеци државната и јавната администрација се користата како апарат за вдомување на партиски кадар и тоа само пред избори. Власта врши чиста изборна корупција и поткуп на гласачи, ова денеска на прес-конференција го потенцираше Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во последните 4 месеци само во Царинската управа е распишан оглас за вработувања на над 160 лица, 58 во октомври, 78 во јануари и 24 во февруари. Огласи за работа во последните неколку дена пред распишување на изборите се објавени и во Македонски железници, Пазарен инспекторат, Генерален секретаријат на владата и Министерството за локална самоуправа. Истата ситуација се случува и во локалните претпријатија. Вчера ЈП Водовод и канализација рапсиша оглас за вработување на над 140 лица. Масовното вработување во администрација непосредно пред избори е ноторен пример за изборна корупција. Само за неколку дена огласите за вработување во администрација се неколку стотина. Во изминатиов период видовме дека администрацијата е главно место за вработување на децата на функционерите на власта и партиските активисти, истакнува Арсовски.
Додава дека јавноста памети безброј примери за партиски вработувања. Оваа власт ги вработи синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери во ЕЛЕМ, синот на Владо Бучковски и сестрата на министерот Бектеши во МЕПСО, а синот на Љубомир Фрчковски е поставен за помошник директор во ПУИК, додека пак сега најнов случај на вработување на деца на функционери е синот на пратеникот Мисовски, кој е вработен Агенцијата за супервизија на осигурување.
Ова е начинот на функционирање на СДСМ. Непотизмот е главна одлика на оваа власт. Работата во администрација е разервирана за децата на функционерите. Нема мерит систем, нема критериуми. Ветуваа еднаков пристап на секој граѓанин до секое работно место, за сега да гледаме како администрацијата се полни со партиски лица од СДСМ, а граѓаните неможат ни да замислат да бидат примени на некое работно место, бидејќи однапред знаат дека нема да бидат примени и тоа место е наменето смао за децата на функционерите од СДСМ. Непотизмот, кој е присутен на секое ниво на власта, е уште една причина зошто СДСМ требаа уште веднаш да си замине од власт. Потребни се предвремени парламентарни избори заедно со претседателските за Република Македонија конечно да тргне напред, вели Арсовски.