Арсовски: На повидок е нова афера на „Картелот Заеви“, дали комбето во кое е фатена дрогата е во сопственост на фирма на Заеви?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, обелоденува дека на повидок е нова афера во која се вмешани членови од семојството Заеви.

Како што вели Арсовски, иако МВР молчи и е во паника, неофицијалните информации велат дека во акцијата преводена од американската агенција за борба против дрогата, ДЕА, запленета е дрога во вредност од 800.000 евра, во бело комбе со грчки таблици, во сопственост на фирма која е партнер во битолската фирма за канабис „Медикал 420“.

-Пратечките возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев (прв и најблизок братучед на Премиерот Заев) и Кире „Чипсио“ Спиркоски кој е близок до СДСМ и Оливер Спасовски и е командир на Полициската станица – Прилеп.

Ниту една случајност, туку напротив, сѐ упатува до семејството, кои веќе се картел, Заеви и секако до власта на СДСМ – вели Арсовски.

Арсовски истакнува дека во најбрз можен рок јавноста мора да добие одговори за тоа кои се сопствениците на фирмата во чие возило се пренесувала дрогата и кој се е поврзан со неа.

-Прашањето кое во најбрз можен рок мора да биде одговорено од властите е дали во фирмата „Медикал 420“, со чие возило се возела дрогата од блиските луѓе на Заеви, сопственички удел преку своја фирма имаат Трајче Заев и Бобан Заев???

Дополнително, да потсетам дека фирма со име „Медикал 420БГ лтд“ од овие двајца (Заеви) беше отворена уште на 20.05.2019 година во Петрич. За овие фирми на семејството Заеви во Бугарија јас лично имам говорено јавно.

Дали ова е случајност или не?

Да бидам директен, дали комбето во кое е фатена дрогата е во сопственост на фирма на картелот Заеви??? – прашува Арсовски.